2 Солуњаните 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Дела 15,22; 16,1; 1 Сол 1,1 Павле, Силуан и Тимотеј до црк­вата на Солуњаните во Бога, нашиот Отец, и во Господ Исус Христос:

2Рим 1,7благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

Праведниот Божји Суд

3 1 Сол 1,2; 3,6.12 Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, како што и прилега, затоа што вашата вера обилно расте и заемната љубов се умножува кај сите вас,

41 Кор 1,2; 2 Кор 7,4; 1 Сол 2,19-20; 1 Тим 6,11; Откр 1,9така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера, и покрај сите прогони и ма­ки што ги поднесувате.

5Мт 4,17; 5,10; Лк 20,35; 1 Сол 2,12.14Тоа е доказ за праведниот Божји суд, дека вие ќе се удостоите со царството Божјо, за кое и страдате.

6Фил 1,28; Откр 18,6-7Бидејќи праведно е пред Бога да им возврати мака на оние што ве мачат,

71 Кор 1,7; 1 Сол 3,13; 4,16а вам, што сте измачувани, да ви даде спокој заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

82 Мојс 3,2; Ис 66,4.15; Ер 10,25; 1 Птр 4,17во распламтен оган, одмаз­ду­­вајќи им се на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на благовестието на на­шиот Господ Исус Христос.

9Ис 2,10.19.21Тие ќе бидат каз­не­ти со вечна погибел далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата сила,

10Ис 2,11-17; Пс 67,34; 89,8; Кол 3,4; 1 Сол 2,12; 3,13кога Тој ќе дојде, во оној ден, за да се прос­лави во Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­веруваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

11Фил 2,13; Кол 1,9; 1 Сол 1,3Затоа и секогаш се молиме за вас, за нашиот Бог да ве удостои за повикот и да ги исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,

12Ис 24,15; 66,5; Мал 1,11; Јн 17,22.24та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него, по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help