1 , која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.
13Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната соба, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
144,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа во постојана молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со Неговите браќа.
15И во тие денови Петар стана меѓу браќата, а се беа собрале околу сто и дваесет души, и рече:
16„Браќа, требаше да се исполни напишаното што Светиот Дух, преку устата на Давид, го беше претскажал за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исус,
17Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба.
18Мт 27,3-10Но тој од неправедната плата стекна нива и, откако се струполи, се расцепи по средината и се истури целата негова утроба.
19Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим, така што таа нива на нивниот јазик се нарече Акелдама, што значи ’крвна нива‘.
20Пс 68,25; Пс 108,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ’Нека запусти неговиот дом, и никој да не живее во него, неговата служба друг да ја прими.‘
21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус,
22почнувајќи од Јовановото крштевање па до денот кога се вознесе од нас, треба, заедно со нас, да биде сведок на Неговото воскресение.“
23И така, определија двајца: Јосиф, наречен Варсава, а викан и Јуст, и Матиј;
2415,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,
256,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда, за да си отиде на своето место.“
26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.