1 Јн 7,35; Јк 1,1 Петар, апостол на Исус Христос, до избраните што се наоѓаат во Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
22 Мојс 24,6-8; Мт 26,28; Рим 8,29; Ефес 1,4; 2 Сол 2,13избрани според предзнаењето на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот, за послушност кон Исус Христос и поросување со Неговата крв: нека ви се умножат благодатта и мирот!
Благодарност за даровите на спасението во Исус Христос3 1,23; Јн 3,3-5; 2 Кор 1,3; Ефес 1,3; 1 Јн 2,29; 3,9 Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост нѐ прероди за жива надеж преку воскресението на Исус Христос од мртвите,
4Мт 6,19-20; Кол 1,5.12; 3,3-4за непропадливо, неосквернето и неовенливо наследство, запазено на небесата за вас,
5Јн 17,11; Ефес 1,19; 1 Јн 3,2кои сте сочувани со Божјата сила преку верата за спасение, подготвено да се открие во последното време.
64,12.13; Јн 16,20; Евр 12,11; Јк 1,2Во него радувајте се, дури и ако сега е потребно малку да тагувате поради разновидни искушенија,
7Зах 13,9; Мал 3,3; Пс 65,10; Рим 2,7; 1 Кор 3,13; Јк 1,3та испитувањето на вашата вера да се покаже подрагоцено од пропадливото злато, кое се испитува преку оган, за да се најде за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,
8Јн 20,29; 2 Кор 5,7; 1 Јн 4,20Кого Го љубите, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи, а сега не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и преславна радост,
9примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите.
10Мт 13,17; Дела 11,27Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за благодатта во вас.
11Ис 52,13–53,12; Мт 13,16-17; Лк 18,31; 24,26-27; Дела 1,7; 2,23Тие испитуваа, кое или какво време им посочуваше Христовиот Дух, Кој беше во нив, однапред сведочејќи за Христовите страдања и славата што следува по нив.
12Дела 1,8; 1 Кор 2,4; Ефес 3,5; 1 Сол 1,5Ним им беше откриено дека тие не служат за себеси, туку за вас во тоа што сега вам ви беше објавено преку оние кои ви благовестеа во Светиот Дух испратен од небото, во кое копнеат да ѕирнат и ангелите.
Повик на свет живот13 Лк 12,35-40 Затоа, препашете ги бедрата на вашата помисла, бидете трезвени и имајте надеж во благодатта што ќе ви биде принесена при откровението на Исус Христос.
144,3; Рим 6,19; Ефес 2,1-3; 4,17-18Како чеда на послушанието, не сообразувајте се со поранешните ваши похоти, кои ги имавте кога бевте во незнаење.
15Ис 43,1; Мт 5,48; Дела 9,13; 2 Птр 1,3; 1 Јн 3,3Но, како што Оној што ве повика е свет, и вие бидете свети во сите ваши постапки.
163 Мојс 11,44.45; 17,1–22,33; 19,2; 20,7.26Зашто е напишано: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“
175 Мојс 10,17; Ер 17,10; Пс 61,12; Рим 2,6; Евр 11,6; Откр 2,23; 22,12Па ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно суди според сечие дело, тогаш поминувајте го времето на вашиот овдешен престој во стравопочит,
18Ис 52,3; 1 Кор 6,20; 7,23; Ефес 4,17знаејќи дека не со пропадливи сребро или злато сте избавени од суетниот начин на живеење, предаден од вашите татковци,
19Јн 1,29; Дела 20,28; Евр 9,12; Откр 5,9туку со скапоцената крв на како јагне непорочниот и чист Христос,
20Јн 17,24; Гал 4,4; Евр 1,2Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се појави во последните времиња заради вас,
21Рим 4,24; 10,9кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та вашата вера и надеж да ви бидат во Бога.
Живејте како Божји чеда во љубов!22 Јн 13,34; 17,17; Рим 1,5; 12,10 Откако ги очистивте своите души со послушност кон вистината преку Духот, во нелицемерно братољубие, постојано љубете се еден со друг со чисто срце,
231,3; Дан 6,26; Евр 4,12; Јк 1,18; 1 Јн 3,9како преродени не од пропадливо семе, туку од непропадливо, преку словото на Бога, што живее и останува довека.
24Ис 40,6-8; Јк 1,10-11Зашто секое тело е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и нејзиниот цвет паѓа;
25но Господовиот збор останува довека. А тоа е зборот кој ви е благовестен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.