1 4,13-16; Откр 1,11; 3,14 Сакам да знаете во каква голема борба сум за вас, за оние што се во Лаодикија, но и за сите кои не ме видоа лично.
2Ефес 3,18-19Тоа го правам за да им се утешат срцата, та соединети во љубов за секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос,
3Ис 45,3; Изреки 2,3-5; 1 Кор 1,24.30; Ефес 3,2во Кого се скриени сите ризници на мудроста и знаењето.
42,8; Рим 16,18; Ефес 5,6Ова ви го велам за да не ве измами некој со заводливи зборови;
51 Кор 5,3; 1 Птр 5,9зашто, иако сум отсутен со телото, со духот сум со вас, и се радувам гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос.
Исполнетост со животот во Христос6 1 Кор 11,23; 15,1-3; Ефес 4,20-21 И така, како што Го примивте Христос Исус, Господ, така и живејте во Него,
7Ефес 2,20-22; 3,17; Јуда 1,20вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност.
82,4; Мт 15,6; Гал 4,3; Ефес 5,6Пазете некој од вас да не биде заробен од филозофијата и од празната измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не според Христос;
91,19; Ефес 1,23зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10Ефес 1,21-22и вие сте исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
113,9; Ер 4,4; Рим 2,29; Ефес 2,11; Фил 3,3; 1 Птр 3,21во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако преку Христовото обрезание го соблековте гревовното тело;
123,1; Рим 6,4-11; 8,11; Ефес 1,19-20; Фил 3,10-11откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
131,22; Ефес 2,1.5И вас, кои бевте мртви поради прегрешенијата и поради необрезанието на вашето тело, Тој ве оживеа заедно со Него, простувајќи ви ги сите прегрешенија,
14Ефес 2,14-15; 1 Птр 2,24 поништувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи беше против нас, а кого Тој го оттргна отсреде нас, приковувајќи го на крстот;
151 Кор 15,24; 2 Кор 2,14; Ефес 1,21; 1 Птр 3,22; Откр 12,7-8и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој јавно ги посрамоти, славејќи ја во Себе победата над нив.
16Рим 14,1-12; 1 Кор 8; 10,14-33Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некаков празник, или за млада месечина или саботи;
17Евр 8,5; 10,1тоа е само сенка на она што доаѓа, а стварноста е Христос.
18Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите. Таквиот се впушта во она што не го видел, напразно гордеејќи се со својот телесен ум,
19Ефес 1,22; 2,21; 4,15-16а не се држи цврсто за Главата, од Која целото тело, одржано и сврзано преку зглобови и врски, расте со растење дадено од Бога.
Да се умре и да се живее во Христос20 Гал 4,3 Ако со Христос умревте за стихиите на светот, тогаш зошто, како да живеете во светот, се потчинувате на одредбите:
211 Тим 4,3„Не фаќај, не вкусувај, не допирај“?
22Ис 29,13; Мт 15,9; Мк 7,7Сето тоа се распаѓа при употреба – согласно со човечките заповеди и учења.
23Рим 13,14Тоа само наликува на мудрост во своеволното богослужење, во лажното смиреномудрие и во нештедењето на телото, но нема никаква вредност и само го задоволува телото.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.