Марко 14 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Заговор против Исус(Мт 26,1-5; Лк 22,1-2; Јн 11,45-53)

1 2 Мојс 12,1-2; 5 Мојс 16,1-8; Мт 12,14; Дела 9,29 По два дена беше Пасха и празникот Бесквасници. А прво­свеш­тениците и книжниците сакаа да Го фа­тат на измама и да Го убијат;

2но велеа: „Не на празникот, за да не настане бунт меѓу луѓето.“

Помазанието во Витанија(Мт 26,6-13; Јн 12,1-8)

3 Мт 21,17; Лк 7,37 А кога Тој беше во Витанија и седеше на трпеза во ку­ќата на Симон Лепрозниот, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз Неговата глава.

4А имаше некои што негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?

5Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста динарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.

6Но Исус рече: „Оставете ја; зошто ја обеспокојувате? Таа направи добро де­ло кон Мене!

75 Мојс 15,11Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога и да сакате можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.

816,1; Јн 19,40Таа го направи тоа што можеше: однапред го помаза Моето тело за пог­ребение.

91,1; 16,15; Мт 24,14; Кол 1,5-6.23Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова благовестие по сиот свет, ќе се прикажува и ова што таа го направи, за нејзин спомен.“

Предавникот Јуда(Мт 26,14-16; Лк 22,3-6)

10 Мт 26,2.47; Јн 6,71 Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесеттемина, отиде кај прво­свеш­те­ни­ци­те за да им Го предаде.

11А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.

Подготвување на Пасхалната вечера(Мт 26,17-19; Лк 22,7-13)

12 2 Мојс 12 А во првиот ден на празникот Бесквасници, кога го колеа пасхалното јагне, Неговите ученици Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“

131 Цар 10,2-5И испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во градот; и ќе ве срет­­не еден човек, што носи стомна со вода; одете по него.

14И на домаќинот на куќата во која тој ќе влезе, кажете му: ’Учителот прашува: каде е собата во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?‘

15И тој ќе ви покаже голема, послана и приготвена соба на горниот кат; таму згответе ни.“

16И Неговите ученици излегоа и дојдоа во градот, и најдоа сѐ како што им бе­ше рекол, па ја приготвија Пасхата.

Исус го посочува предавникот(Мт 26,20-25; Лк 22,14; Јн 13,21-30)

17Кога се стемни, Тој дојде со два­наесеттемина.

18Пс 40,9И кога седеа на трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме пре­даде.“

19Тие се разжалостија и почнаа еден по еден да прашуваат: „Да не сум јас?“ И друг: „Да не сум јас?“

20А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесеттемина е, што со Мене мака во чи­нијата.

21Мт 8,20Но Синот Човечки си оди, како што е напишано за Него. Само тешко на оној човек преку кого Синот Чо­веч­ки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил!“

Востановување на светата Евхаристија(Мт 26,26-29; Лк 22,14-20; 1 Кор 11,23-26)

22 Мт 14,19; 15,36 И кога јадеа, Исус зеде леб, и бла­гословувајќи, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“

231 Кор 10,16Потоа ја зеде чашата и заблагодарувајќи, им ја даде; и се напија од неа сите.

242 Мојс 24,8; Зах 9,11; Евр 9,20И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.

25Ис 25,6; Лк 13,29Вистина ви велам: веќе нема да пијам од лозовиот плод сѐ до оној ден кога ќе пијам нов во царството Божјо.“

2611,1; Лк 22,39Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.

Петар ќе се одрече од Исус(Мт 26,31-35; Лк 22,31-34; Јн 13,36-38)

27 6,34; Зах 13,7; Мт 5,29; 26,56 И Исус им рече: „Сите ќе се соб­лаз­ните поради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ’Ќе удрам по пастирот и овците ќе се разбегаат.‘

28Мт 28,7.10.16А по Моето воскресение ќе отидам пред вас во Галилеја.“

29Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас нема!“

30Јн 11,16И Исус му рече: „Вистина ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да пропее петел двапати, ти трипати ќе се одречеш од Мене!“

31Но тој уште поодлучно говореше: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите го рекоа истото.

Исусовата молитва во Гетсиманија(Мт 26,36-46; Лк 22,39-46)

32 Јн 18,1 Пристигнаа во едно место, наречено Гетсиманија; и им рече на Своите ученици: „Поседете овде, додека да се помолам!“

335,37; 9,2; Мт 17,1И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; и Го опфати длабок немир и почна да тагува,

34Јона 4,9; Пс 41,5.11; 43,5па им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни!“

35Јн 12,27; 13,1; 17,1Па откако малку се оддалечи, падна на земја и се молеше, ако е можно, да Го одмине тој час;

36Мт 6,10; 20,22; Јн 5,30; 6,38; Рим 8,15; Гал 4,6и велеше: „Ава, Оче, сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; но нека биде не како што Јас сакам, туку како Ти!“

37Па дојде и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?

38Мт 6,13; 26,41; Лк 11,4; Рим 7,5Бидете будни и молете се, за да не пад­не­те во искушение. Духот е бодар, но телото е слабо.“

39И повторно отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите зборови.

40Лк 9,32А кога се врати, повторно ги затече како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.

41Јн 2,4; 7,30; 12,23.27; 13,1; 17,1И по третпат дојде и им рече: „Сѐ уште спиете и одмарате! Доволно е, дојде часот; еве, Синот Човечки се предава во рацете на грешници.

42Станете, да одиме! Еве, се приближи оној што Ме предава.“

Исусовото приведување(Мт 26,47-56; Лк 22,47-53; Јн 18,3-12)

43 14,10; Мт 10,4 И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од прво­свеш­тениците, книжниците и старешините.

44А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Оној што ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“

459,5; Лк 15,20Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.

46А тие ги ставија своите раце на Не­го и Го фатија.

47Јн 7,30.44; 18,10.26Еден, пак, од оние, што стоеја таму, из­вади нож, го удри слугата на прво­свештеникот и му го отсече увото.

48Исус проговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови да Ме фатите?

49Лк 19,47; 21,37Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писанијата.“

5014,27; Зах 13,7; Јн 16,32И сите Го оставија и се разбегаа.

51А по Него врвеше некој млад човек, наметнат со платно врз голо тело; и војниците го фатија тој млад човек.

52Амос 2,16Но тој го остави платното и побегна од нив гол.

Исус пред Синедрионот(Мт 26,57-68; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)

53 11,27 И Го доведоа Исус кај прво­свеш­те­никот, и таму се собраа сите прво­свеш­теници, старешини и книжници.

54А Петар одеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­еше на огнот.

55А првосвештениците и целиот Синед­рион бараа сведоштва против Исус, за да Го погубат, и не наоѓаа.

56Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.

57Па станаа некои и сведочеа лажно против Него, велејќи:

5815,29; Јн 2,19.21; Дела 6,14; 2 Кор 5,1„Го чувме кога рече: ’Ќе го урнам овој ракотворен храм и за три дена ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“

59Но ниту тоа нивно сведочење не се сложуваше.

60Тогаш првосвештеникот застана на средина и Го праша Исус говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што све­до­чат овие против Тебе?“

61Ис 50,6-8; 53,7; Мт 14,33; Рим 1,25; 1 Птр 1,3Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот повторно Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“

62Пс 109,1; Дан 7,13; Мт 8,20Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на небесните обла­ци­.“

631 Мојс 37,30; Ест 4,1; Мт 26,65А првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Каква потреба имаме веќе од сведоци?

643 Мојс 24,16; Мт 9,3; Јн 19,7Чувте како богохули; што мис­ли­те?“ И сите пресудија дека зас­лужува смрт.

6515,19; Ис 50,6; Мт 27,30А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го уди­ра­ат и да Му велат: „Погоди!“ И слу­гите Го удираа по образите.

Петровото одрекување(Мт 26,69-75; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)

66А кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот,

67Дела 4,13па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти бе­ше со Исус Назареецот.“

68Мт 2,23Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.

69Слугинката, гледајќи го повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“

70Тој повторно одрече. И малку подоцна, оние, што стоеја таму, повторно му рекоа на Петар: „На­вис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“

71Дела 23,12.14.21А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Човекот за Ко­го говорите!“

7214,30; Јн 13,38И по вторпат петел запеа. И Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help