ОТКРОВЕНИЕ 15 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Седум златни чаши

1И видов друг - голем и чудесен знак, на небото: седум ангели, кои ги држеа седумте последни зла, зашто со нив завршува Божјиот гнев.

2И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари,

3и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сѐдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите.

4Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!“

5И потоа видов на небото се отвори храмот на Шаторот на сведоштвото,

6а од храмот излегоа седум ангели, кои имаа седум зла, облечени во чисти и светли ленени облеки и опашани со златни појаси преку градите.

7И едно од четирите живи суштества им даде на седумте ангели седум златни чаши полни со гнев на Бога, Кој живее во сите векови.

8И храмот се наполни со дим од славата на Бога и од Неговата сила, и никој не можеше да влезе во храмот, додека не свршија седумте зла на седумте ангели.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help