1Царевото срце е во рацете на Господа, како вода што тече; го води каде што сака.
2Секој пат е праведен за човекот во сопствените очи, а Господ го испитува срцето.
3Да се извршува правда и да се прави право помило Му е на Господа, отколку жртва.
4Издигнати очи и горделиво срце и светилка на нечесните, тоа е грев.
5Замислите на трудољубивиот се стремат кон изобилство, а избувливиот трпи сиромаштво.
6Сокровиште придобиено со лажлив јазик е непостојана суета на оние кои бараат смрт.
7Нечесните ќе ги одвлече нивното насилство, зашто не сакаат да прават правда.
8Сплеткан е патот на грешникот, а делото на чистиот човек е право.
9Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.
10Душата на нечесниот го сака злото; во него нема сомилост ни за ближниот.
11Кога се казнува потсмевачот, простиот станува мудар, а мудрите црпат знаење од поуката.
12Праведниот Бог го набљудува домот на нечесните, и нечесните ги фрла во несреќа.
Х. Сокровишта на мудар13Кој го затнува своето уво пред викањето на сиромавиот, и самиот ќе вика, но никој не ќе го послуша.
14Тајниот подарок ја стивнува лутината, а подарокот, под рака, и жестоката јарост.
15Праведниот суд е радост за праведникот, а ужас за злосторниците.
16Човек кој свртува од патот на разумот, ќе почива во собранието на мртвите.
17Кој ја љуби веселбата, станува сиромав, и кој ги сака виното и мирисливото масло, не се збогатува.
18Нечесниот човек е откуп за праведникот, и безбожникот стапува на местото на праведникот.
19Подобро е да се живее во пустина, отколку со расправлива и гневлива жена.
20Драгоцено е благото и маслото во станот на мудриот, а безумниот човек ги растура.
21Кој се стреми кон правдата и милоста, наоѓа живот, правда и чест.
22Мудрецот го совладува градот на силните, и ја крши силата на која се надеваат.
23Кој ги чува својата уста и јазикот, самиот се чува од неволја.
24На дрскиот и гордиот името му е „потсмевач“, тој работи сѐ со прекумерна дрскост.
25Мрзливиот го убива неговата желба, зашто неговите раце одбиваат да работат.
26Нечесниот по цел ден лакоми, а праведникот дава и не штеди.
27Омразена е жртвата на нечесните, особено кога се принесува со лукавство.
28Лажливиот сведок пропаѓа, а човек кој слуша, ќе говори секогаш.
29Нечесните покажуваат дрско лице, а чесниот внимава на својот пат.
30Нема мудрост, и нема разум, и нема совет, против Господа.
31Коњот се подготвува за денот на бојот, но победата е од Господа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.