1О Господи, послушај ги моите зборови, земи ги во обѕир моите размислувања.
2Чуј го гласот на моето викање, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам!
3Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.
2. Бог мрази беззаконие4Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието; нечесниот нема да живее при Тебе;
5ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи, Ти ги мразиш сите што прават беззаконие.
6Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага; Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.
3. Бог благословува праведен7А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост; ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе.
8Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели; израмни го Твојот пат пред мене.
9Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност; нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.
10Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле; истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе.
11И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.
12Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот; го заштитуваш, со Својата милост, како со штит.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
