ПСАЛМИ 47 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Бог Цар на цела земја1. Покорување на сите народиЗа началникот на пејачите. За Кореевите синови. Псалм.

1Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас.

2Зашто тоа е Господ - Сѐвишен, страшен, Велик Цар на целата земја.

3Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе,

4ни го избра наследството - славата на Јакова, кого го возљуби.

5Бог влегува, со воскликнување, Господ - со трубни звуци.

6Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му!

7Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени!

8Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол.

9Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help