ЕЗЕКИЕЛ 11 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

4. Видение за казнување на нечесни народни водачи

1Тогаш Духот се подигна и ме однесе до Источната Врата на Господовиот Дом, што е свртена кон исток. И ете: при влезот на вратата дваесет и пет луѓе, меѓу кои го видов и Јазаниј, синот Азуров и Фенатиј, синот Венајин, народни началници.

2И ми рече: „Човечки сине, еве ги луѓето што смислуваат нечесности и кои што му даваат на овој град лоши совети, велејќи:

3’Не е ли час да градиме домови? Овој град е котел, а ние сме месо.’

4Затоа пророкувај против нив, пророкувај, човечки сине!“

5И Господовиот Дух слезе врз мене и ми кажа: „Речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Не зборуваш ли така, Израелев дому? Ама Јас ги познавам мислите на вашето срце!

6Ги умножувате убиствата во овој град и неговите улици ги полните со трупови.“

7Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Тие што вие ги прободовте и ги расфрлавте по градот - тие се месо, а градот е котел. Затоа сега ќе ве изведам од него.

8Стравувате од меч, и меч ќе доведам на вас, говори Господ Бог!

9Ќе ве изведам од градот и ќе ве предадам во рацете на туѓинците и ќе го извршам Мојот суд врз вас:

10ќе паднете од меч, ќе ви судам на Израелевата Меѓа, и тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ!

11А овој град веќе нема да биде котел, и вие нема да бидете негово месо. Ќе ви судам на Израелевата Меѓа,

12и тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ по чии уредби не живеевте и чии закони не ги извршувавте, туку живеевте по законите на околните народи!“‘“

13Додека пророкуваше така, почина Фелатиј, синот Венајин и јас паднав ничкум та извикав со сиот глас: „Леле Господи, Господи, зар навистина ќе го уништиш сиот Остаток на Израелевиот дом?“

14И ми дојде Господовото слово:

15“Човечки сине, на твоите браќа и на твоите роднини, и на сиот Израелев дом, Ерусалимците им зборуваат: ‘Далеку сте од Господ! Оваа земја не ни е дадена нам во сопственост!’

16Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ако и ги протерав меѓу далечните народи, ако и ги распрснав по земјите, наскоро Јас самиот ќе им бидам Светилиште во земјите во кои се наоѓаат.“‘

17Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Ќе ве соберам од народите, ќе ве вратам од земјите во кои што бевте распрснати, и пак ќе ви ја дадам Израелевата Земја!“‘

18И кога ќе се вратите во неа, ќе ги истребат од неа сите грозности и гадости.

19И Јас ќе им дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во нив: ќе го откорнам од нив нивното камено срце и ќе ставам во нив срце од месо,

20за да одат по Моите наредби и да ги чуваат и да ги вршат сите Мои закони. И тие ќе бидат Мој народ, а Јас нивен Бог!

21А на оние на кои срцето оди по грозностите и гадостите ќе го оборам врз главата нивниот пат,“ говори Господ Бог.

5. Господова Слава го напушта Ерусалим

22Херувите ги подигнаа крилата, и колцата се кренаа по нив, а Славата на Израелевиот Бог трепереше над нив.

23Господовата Слава се крена од градот и застана на гората, источно од градот.

24А Духот ме подигна мене и ме понесе со Божјиот Дух кон заробениците во Халдејската Земја. И исчезна видението што го гледав.

25И им раскажав на изгонетите сѐ што Господ ми откри.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help