ЗАХАРИЈА 9 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

ПРОРШТВО ЗА ИЗГРАДБА НА ХРАМ 9:1-14:21А. Отфрлање на Цар - Месија1. Навестување за доаѓање на Цар

1Бреме на Господовото слово против земјата Адрах и Дамаск, негово почивалиште; Зашто Господови се градовите на Арам и сите племиња на Израел.

2Емат исто така, кој граничи со нив,

3и Тир и Сидон, толку мудар. Тир изгради тврди ѕидишта, собра сребро како прав и злато како кал од улиците.

4Но ете, Господ ќе го освои, ќе ја фрли во море неговата сила, а него ќе го проголта оган.

5Аскалон ќе го види тоа и ќе се исплаши, а Газа ќе затрепери сета, и Акарон, зашто го измами надежта: ќе го снема царот од Газа, Аскалон ќе остане пуст.

6„Туѓинци ќе живеат во Азот! Ќе ја сотрам гордоста на Филистејците,

7ќе им ги отстранам крвта од устата и гадоста од забите. И тие ќе Му припаднат на нашиот Бог и ќе бидат како водач во Јудеја, а Акарон ќе биде како Евусеец.

8И ќе се настанам како стража покрај Својот Дом, против оние кои доаѓаат и заминуваат; угнетувач веќе нема да поминува оттука, зашто ја видов неговата беда.

9Ликувај од радост Сионска Ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе: справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.

10Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.

2. Царство на Месија што доаѓаа. Обнова на Израел

11А и тебе, заради крвта на твојот Завет, ќе ти ги ослободам твоите заточеници од безводните јами.

12Вратете се во тврдината, заточеници полни со надеж, уште денес - Јас навестувам - двојно ќе ти вратам.

б. Победа над угнетувач

13Зашто, Јуда го оптегнав како лак, а Ефрема го ставив како стрела: твоите синови, о Сионе, ќе ги подигнам против твоите синови, о Јаване - и ќе те направам како меч на јунак.“

14Тогаш Господ ќе се појави над нив и Неговата стрела ќе лета како молња. Господ Бог ќе затруби во рог, ќе оди врз јужните виори.

15Господ над Силите ќе ги заштити, и тие ќе ги газат со нозе камењата од праќките, ќе пијат и ќе подвикнуваат како од вино, ќе се наполнат како жртвените чаши, како аглите на жртвеникот.

16Господ Бог нивниот ќе ги спаси во оној ден; како стадо Тој ќе го пасе Својот народ; како бесцено камење на круната, тие ќе блескаат во Неговата земја.

17Ах, колку среќен, колку убав, ќе биде! Младите ќе растат од жито, а девиците од благото вино.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help