ПСАЛМИ 28 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Молитва против нечесен1. Повик за помошДавидов псалм.

1Кон Тебе викам Господи, Карпо моја, не замолкнувај кон мене: да не би ако замолкнеш, бидам како оние што влегуваат во гроб.

2Послушај го мојот глас, кога викам кон Тебе, додека ми се кренати рацете кон Твоето Светилиште.

3Не погубувај ме со нечесните и со оние што прават беззаконие, кои зборуваат мирно со своите ближни, а во срцето им е злоба.

4Дај им според нивните дела и според нечесноста на нивните постапки! Плати им според делата на нивните раце, врати им според нивните заслуги!

5Зашто тие не внимаваат на Господовите дејства, ниту на делата на Неговите раце: нека ги разурне и повеќе нема да ги изгради!

2. Вера во послушување

6Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви!

7Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.

8Господ е сила на Својот народ, тврдина на спасението за Својот помазаник.

9Спаси го Својот народ и благослови го Своето наследство; паси ги и носи ги довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help