1Господ царува - нека треперат народите; седи над херувите, нека се потресе земјата!
2Господ е велик на Сион, возвишен над сите народи.
3Нека го слават Твоето велико и страшно име: тоа е свето!
4Ти си моќен Цар, Кој љубиш што е право, Ти ја утврди праведноста; Ти извршуваш правда и справедливост во Јакова.
5Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте се пред Неговото подножје. Тоа е свето.
2. Причини за Господово прославување6Мојсеј и Арон, меѓу Неговите свештеници, и Самоил, меѓу оние кои го повикуваат Неговото име: Го викаа Господа, и Тој ги послуша.
7Им зборуваше од облачен столб; ги слушаа Неговите заповеди и повелбите што ги даде.
8Господи, Боже наш, Ти ги послушуваше; Ти беше Бог кој им простува, иако ги казнуваше нивните гревови.
9Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, почитувајте Го во Неговата Света Гора, зашто Господ нашиот Бог, е свет.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
