1Господ ја засака пак Својата земја, кон добро ја заврте Јакововата судбина.
2Му ги прости беззаконијата на Својот народ, ги покри сите негови гревови.
3Ја воздржа сета Своја лутина, се откажа од Својот распален гнев.
2. Молитва за обнова4Обнови нѐ Боже, Спасителе наш, и отфрли ја зловолјата против нас!
5Зар ќе се гневиш довека на нас! Преносувајќи ја Својата насрденост од род на род?
6Зар нема да нѐ оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе?
7Господи, покажи ни ја Својата милост и дај ни го Своето спасение.
3. Господова љубов и верност8Да го послушам тоа што ми зборува Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на Своите избраници, но нека не се свртат пак кон безумие.
9Навистина, близу е Неговото спасение за оние што се бојат од Него, и Неговата слава ќе живее во нашата земја.
10Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат.
11Вистината ќе никнува од земјата, правдата ќе гледа од небесата.
12Да, Господ ќе даде добро, а нашата земја својот плод.
13Правдата ќе врви пред Него, и ќе направи пат за Неговите стапки.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
