БИТИЕ 33 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Јаковова средба со Исава

1Јаков ги поткрена очите и виде дека доаѓа Исав и со него четири стотини луѓе. Ги раздели своите деца меѓу Лија, Рахила и двете слугинки;

2ставајќи ги на чело слугинките и нивните деца; по нив Лија и нејзините деца; а Рахила и Јосифа одназад.

3Самиот замина напред, се поклони седумпати до земја, додека му се приближи на брата си.

4Исав се затрча во пресрет, го прегрна, паѓајќи му околу вратот, го пољуби и заплакаа.

5Тогаш ги подигна очите и ги виде жените и децата. „Кои се овие со тебе?“ праша. Тој одговори: „Децата кои Бог му ги подари на твојот слуга.“

6Потоа слугинките со своите деца истапија напред и се поклонија длабоко.

7И Лија истапи напред, со своите деца, па се поклонија. Најпосле, Јосиф и Рахила истапија напред и се поклонија.

8Исав праша: „Зошто ти е сево множество, што го сретнав?“ Тој одговори: „За да ја придобијам наклоноста на својот господар.“

9Исав одговори: „Јас имам доста, брате мој. Нека ти остане тебе, што е твое.“

10А Јаков рече: „Не! Ако најдов милост во твоите очи, прими дар од мојата рака; зашто мене ми е - бидејќи ме прими љубезно - како да го гледам Божјото лице.

11Затоа прими го мојот благослов: што ти го донесов; зашто Бог ми подари, па имам сѐ.“ И го наговори, и тој зеде.

12„Да тргнеме на пат - рече Исав - и јас ќе патувам со тебе.“

13Но тој му одговори: „Мојот господар знае дека децата се кревки. Освен тоа, треба да се грижам за овците и кравите, што дојат: ако ги терам пребргу само еден ден, сите ќе изумрат.

14Мојот господар нека оди пред својот слуга, а јас ќе одам полека, според врвежот на добитокот пред мене и според чекорот на децата, додека стигнам при својот господар во Сир.“

15Исав рече: „Да ти оставам неколку луѓе, од овие што се со мене!“ Но тој му одговори: „Зошто е тоа? Јас само нека најдам милост во очите на мојот господар!“

16Во тој ден, Исав се запати - по својот пат - назад во Сир,

17додека Јаков отиде во Сокхот, каде си изгради куќа, и направи трла за својот добиток. Затоа го нарече местото Сокхот.

18Откако дојде од Падан Арам, (Сирска Месопотамија) Јаков пристигна во сихемскиот град Салим, што се наоѓа во Ханаанската Земја, и го оптегна својот шатор пред градот.

19Делот од полето, на кое го постави својот шатор, го купи од синовите на Емора, Сихемовиот татко, за сто сребреници.

20Постави жртвеник таму и го повика таму името на Господа, Израелевиот Бог (Ел, Елое Израел).

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help