1И ми рече: „Човечки сине, на нозе исправи се, за да зборувам со тебе!“
2И Дух влезе во мене, бидејќи ми проговори, та ме подигна на нозете, и јас го чув гласот на Оној Кој ми зборуваше.
3И ми рече: „Човечки сине, те испраќам кај Израелевите синови, кај одметничкиот народ што се побуни против Мене. Тие и нивните татковци грешеа против Мене сѐ до денешниот ден.
4Те испраќам кај синовите со тврд поглед и со закоравено срце. Речи им: ‘Господ над Војските зборува вака!’
5И послушале тие или непослушале - род се бунтовнички - нека знаат дека пророкот е меѓу нив.
6А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички.
7Зборувај им ги моите зборови, послушале тие или непослушале, зашто се одметнички род.
б. Да се изеде книжен свиток8А ти човечки сине, послушај што ќе ти речам сега: Не биди одметник како што се тие одметнички род! Отвори ја устата и проголтај го тоа што ќе ти го дадам сега!“
9И погледнав, а ете кон мене испружена рака и во неа, ете, книжен свиток.
10И свитокот се одвитка пред мене: беше испишан однадвор и одвнатре, а во него напишано: „Плач! Ридање! Лелек!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
