1Потоа виноцрпецот и лебопекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар - на египетскиот цар.
2Фараонот се налути на своите два дворјани, на главниот пехарник и на главниот пекар,
3па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф.
4Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време,
5тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.
6Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.
7Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?“
8Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.“ Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!“
Сон на виноцрпецот. Толкување9И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.
10На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.
11Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.“
12Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.
13По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.
14Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.
15Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.“
Сон на главниот лебар. Толкување16Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.
17Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.“
18Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.
19По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.“
20На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.
21Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака,
22а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува.
23Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.