ПЕСНА НАД ПЕСНИ 3 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

2. Испитување

1Во своето легло, во ноќите, го барав оној, кого го љуби мојата душа; го барав, но не го најдов.

2И така, ќе станам и ќе го оптрчам градот, по улиците и раскрсниците, ќе го барам оној, кого го љуби мојата душа: го барав, но не го најдов.

3Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот: „Дали го видовте оној, кого го љуби мојата душа?“

Б. Меѓусебно љубовно владеење1. Невестата:

4Туку што тргнав од нив, го најдов оној, кого го љуби мојата душа. Го фатив и нема да го пуштам, додека не го воведам во домот на мојата мајка, во спалната на мојата родителка.

2. Младоженецот:

5Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата возљубена, додека самата не посака!

3. Девојките:а. Столб на дим

6Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?

б. Соломонова постела

7Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел!

8Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.

в. Соломонова носилка

9Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво.

10Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; сѐ е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки.

11Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help