1Кога викам послушај ме, Боже на мојата правда, Ти што ме избави од тесно: смилувај ми се и послушај ја мојата молитва!
2. Укор на непријатели2Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам? До кога ќе ја љубите суетата и ќе ги барате лагите?
3Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател; Господ слуша кога викам кон Него.
3. Советување на непријатели4Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и молкнете.
5Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа!
4. Надеж во Бога6Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?“ Господи, осветли нѐ со светлината на Твоето лице!
7Ми даде радост во моето срце поголема од нивната, кога им се раѓа изобилно жито и вино.
8Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
