1 ТИМОТЕЈА 3 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

За проповедничка служба

1Верно е словото: кој ревнува за епископство, добра служба посакува.

2Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;

3не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец,

4кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост,

5зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? -

6Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот!

7А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.

8Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба -

9кои ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни.

11Исто така жените нивни треба да бидат чесни, да не клеветат; трезвени и верни во сѐ.

12Ѓаконите да бидат мажи на една жена, кои управуваат добро со своите деца и со своите домови,

13зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.

Неопходна е борба против лажните учења

14Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам при тебе;

15но во случај да се подзабавам, да знаеш како да се однесуваш во Божјиот Дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.

16И по општо признание, голема е тајната на побожноста: Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, им се покажа на ангелите, беше најавуван меѓу народите, поверуван во светот, беше вознесен во слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help