ПСАЛМИ 72 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Цар Месија во Своја славаЗа Соломон. (Давидов псалм).

1Боже, дај му го Твоето правосудство на царот и Твојата правда на царскиот син.

2За да му суди праведно на Твојот народ, на бедните според праведноста!

3Нека планините му донесат мир на народот, а брежињата правда.

4Ќе им суди право на угнетуваните, ќе им донесе спасение на децата на бедните, а насилниците ќе ги сотре.

2. Царство од род во род

5Нека се бојат од Тебе, додека трае сонцето, и месечината, низ сите поколенија.

6Ќе слезе како роса врз тревата, како дожд што ја напојува земјата!

7Во Негово време ќе цветаат правдата и големиот мир - сѐ додека постои месечината.

3. Владеење до краишта на земја

8И Тој ќе владее од море до море, и од Реката (Еуфрат) до границите на светот.

9Оние што живеат во пустината, ќе клекнат пред него, и противниците ќе го лижат правот.

10Царевите на Тарсис и на островите ќе Му донесуваат подароци, владетелите на Арабија и на Сева ќе Му донесуваат данок.

11Сите владетели ќе Му се поклонуваат, сите народи ќе Му служат.

4. Милостивост

12Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник;

13ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот:

14Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи.

5. Негово Име ќе биде благословено довека

15Затоа нека живее! Нека Го даруваат со злато од Арабија, нека се молат за Него секогаш и нека Го благословуваат преку цел ден!

16Нека има изобилство на жито во земјата, класјето по врвовите нека шуми како кедровите Либански! И нека цветаат градските жители како трева на ливадата.

17Неговото име нека е благословено довека! Неговото име се зголемува. Додека сонцето трае, со Него ќе бидат благословувани сите племиња на земјата, сите народи ќе го наречуваат блажен!

6. Благослов

18Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, Кој единствен твори чудеса!

19И благословено да е Неговото славно име довека! Нека се исполни целата земја со Неговата слава! Така нека биде. Амин!

20Со тоа завршуваат молитвите на Јесеевиот син Давид.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help