1Ќе Го благословувам Господа во секое време, Неговата пофала секогаш ќе ми биде во устата!
2Мојата душа ќе се фали со Господа: нека го чујат тоа скромните и нека се радуваат!
3Величајте Го Господа со мене, заедно да Го возвишиме Неговото име!
4Го барав Господа и Тој ме послуша, ме избави од сите мои стравови.
5Погледнаа во Него и им светна пред очите, и не ќе се засрамат лицата нивни!
6Бедниот вика, и Господ го чу, го избави од сите негови неволји.
2. Совет за надеж во Господа7Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува.
8Вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него!
9Бојте се од Господа, вие Негови свети, зашто нема скудност за оние што се бојат од Него.
10Младите лавови трпат беда и гладуваат, а кои Го бараат Господа не трпат оскудица.
3. Претпазливост од грев11Дојдете, чеда, и послушајте ме, ќе ве научам на страв од Господа.
12О, човеку! љубиш ли го животот? Сакаш ли многу денови, за да видиш добро?
13Воздржувај го својот јазик од зло и своите усни од лажно зборување!
14Отстранувај се од злото и прави добро, барај мир и врви по него!
4. Избавување на праведник и осудување на нечесен15Господовите очи ги гледаат праведните, Неговите уши го слушаат нивниот вик.
16Господовото лице се свртува против злосторниците, за да им го сотре споменот на земјата.
17Праведниците викаат, а Господ ги слуша, ги избавува од сите нивни беди.
18Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух.
19Праведникот има многу неволји, но Господ го избавува од сите.
20Тој ги чува сите негови коски, ниту една од нив нема да му се скрши.
21Злото ќе го убие безбожникот, ќе платат тие што го мразат праведникот.
22Господ ја избавува душата на Своите слуги и ниеден, од оние што се надеваат на Него, нема да биде осуден.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.