1Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав.
2Кога се греши во земјата, управителите ѝ се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана.
3Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб.
4Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат.
5Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сѐ.
6Подобар е бедниот, кој живее непорочно, отколку богатиот, кој чекори по крив пат.
7Кој го пази Законот, е разумен син, а кој се дружи со ненаситниците го срамоти татка си.
8Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните.
9Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена.
10Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто.
11Богатиот човек се смета мудар за себеси, но разумниот сиромав ќе го разобличи.
12Голема слава е кога се радуваат праведниците, а кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат.
13Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост.
14Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа.
15Лав што рика и гладна мечка: таков е опакиот владетел за бедниот народ.
16Неразумниот управител прави многу насилства, а кој ја мрази лакомоста, живее долго.
17Човек кој е виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб: не застанувајте го.
18Кој живее праведно, се спасува, кој оди по криви патишта, пропаѓа на еден од нив.
19Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб, а кој трча по суетите, ќе се насити со сиромаштво.
20Чесниот човек изобилува со благослови, а кој брза по богатство, не останува без казна.
21Не чини да се биде пристрасен на суд, зашто и за залак леб човекот прави зло.
22Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста.
23Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик.
24Кој ги ограбува татка си и мајка си и вели: „Не е грев“, другар му е на разбојникот.
25Срцето на горделивецот зафаќа препирка, а кој се надева на Господа, ќе напредува.
26Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро.
27Кој му дава на бедниот, не трпи скудност; а кој ги одвраќа своите очи, ќе биде проклет.
28Кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат, а кога пропаѓаат, тогаш се умножуваат праведниците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.