1После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон:
2„Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.“
3И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон,
4сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја:
5Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците;
6од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците.
7Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет.
8Елијав беше Фалуев син,
9а Елијавови синови: Намуил, Датан и Авирон. Овие: Датан и Аврион беа угледни членови на општеството, кое се подигна против Мојсеја и Арона во Кореевата буна, кога се побунија против Господа.
10Тогаш земјата ја отвори својата утроба и ги проголта заедно со Кореј, кога смртта ја грабна таа група и кога огнот голтна двеста и педесет луѓе. Така станаа опомена за другите.
11Но, Кореевите синови не загинаа.
12Симеонови синови по нивните поколенија: од Намуил родот на Намуиловци; од Јамин родот на Јаминовците;
13од Зара родот на Заринците и од Саул родот на Сауловците.
14Тие се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двеста.
15Гадовите синови по нивните родови: од Сифон родот на Сифоновци; од Агиј родот на Агиевци; од Суниј родот на Суниевците;
16од Азен родот на Азеновците; од Ириј родот на Ириевците;
17од Арод родот на Ародовците и од Арилиј родот на Арилиевците.
18Тоа се родовите на Гадовите потомци, според нивното пребројување: четириесет илјади и пет стотини.
19Јудини синови: Ир и Авнан. И Ир и Авнан умреа во Ханаанската Земја.
20Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци.
21Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци.
22Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини.
23Исахарови синови по нивните родови: од Тола родот на Толинци; од Фува родот на Фувинци;
24од Јасув родот на Јасувовците и од Амрам родот на Амрамовци.
25Тоа се Исахаровите родови. Нив ги запишаа шеесет и четири илјади и триста.
26Завулонови синови по нивните родови: од Саред родот на Саредовците; од Алон родот на Алоновци и од Алил родот на Алиловци.
27Тоа се Завулоновите родови, според нивното пребројување: шеесет илјади и пет стотини.
28Јосифови синови по нивните родови: Манасиј и Ефрем.
29Манасиеви синови: од Махир родот на Махировци. На Махира му се роди Галад. Од Галад е родот на Галадовци.
30Овие беа Галадови синови: од Ахиезер родот на Ахиезеровците; од Халек родот на Халековци;
31од Есрил родот на Есриловци; од Сихем родот на Сихемовци;
32од Симаер родот на Симаеровци и од Офер родот на Оферовци.
33Оферовиот син Салпад немаше синови, туку ќерки. Имињата на Салпадовите ќерки беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.
34Тоа се Манасиеви родови. Избројаните од нив: педесет и две илјади и седум стотини.
35Овие пак се Ефремовите синови, по нивните родови: од Сутал родот на Суталовците; од Вехер родот на Вехеровци и од Тахан родот на Тахановци.
36Овие се Суталови синови: од Еран родот на Ерановците.
37Тоа се родовите на Ефремовите синови, според нивното пребројување: триесет и две илјади и пет стотини. Тоа се Јосифови синови, по нивните родови.
38Венијаминовите синови, по нивните родови: од Вела родот на Велинци; од Асвил родот на Асвиловци; од Ахирам родот на Ахирамовци;
39од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци.
40Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци.
41Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини.
42Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови.
43Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.
44Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.
45Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.
46На Аировата ќерка името ѝ беше Сара.
47Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.
48Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;
49од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.
50Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.
51И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.
Делба на земја52Господ му рече на Мојсеја:
53„На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.
54На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.
55Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.
56Наследството ќе биде поделено со жрепка, на секое племе според неговата големина.“
57Ова е попис на левитите, по нивните поколенија: од Гирсон родот на Гирсоновците; од Каат родот на Каатовци и од Мерариј родот на Мерариевци.
58Еве се родовите на Левиевците: родот на Ловениевци, родот на Хевроновци, родот на Малиевци, родот на Мусиевци и родот на Кореевци. На Каат му се роди Амрам.
59На Амрамовата жена името ѝ беше Јохавета. Беше Левиева ќерка, која му се роди на Левија во Египет. Таа му ги роди на Амрам: Арона, Мојсеја и нивната сестра Маријам.
60На Арона му се родија: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
61Надав и Авиуд загинаа кога принесуваа непосветен оган пред Господа.
62Сите избројани мажи од еден месец па нагоре беа дваесет и три илјади. Тие не беа избројани заедно со Израелевите синови; и не им беше доделено наследство меѓу Израелевите синови.
63И така, тоа се оние, кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Елеазар; тие го извршија овој попис на Израелците покрај Јордан, во Моавските Полиња спроти Ерихон.
64Меѓу нив немаше ниту еден од оние кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Арон, кога ги избројуваа Израелевите синови во Синајската Пустина.
65Зашто Господ беше рекол за нив: „Нека изумрат во пустината и нека не остане никој од нив, освен: Халев, Ефониевиот син, и Исус, синот Навинов!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.