1Потоа Моавовите и Амоновите синови, а со нив и некои од Меунците, завојуваа против Јосафат.
2Ама Јосафат ја доби оваа вест: „Против тебе доаѓа големо мноштво од онаа страна на морето, од Едом; и ене го во Асасон Тамара, односно во Ен Гад.“
3Јосафат се исплаши и почна да Го бара Господа, та прогласи пост по сета Јудеја.
4Јудејците се собраа да Го бараат Господа: доаѓаа од сите јудејски градови за да Го бараат.
б. Јосафатова молитва за помош5Тогаш Јосафат стана во јудејскиот собор во Ерусалим, во Господовиот Дом, пред новиот двор,
6и рече: „Господи, Боже на нашите татковци, Ти си Бог на небото и владееш над сите кривобожечки царства. Во Твојата рака се таква сила и јачина така што никој не може да се додржи пред Тебе.
7Ти, о Боже наш, ги истера жителите на оваа земја пред Својот Израелски народ и му ја даде засекогаш на потомството на Својот пријател Авраам;
8и се населија во неа и Му изградија во неа Светилиште на Твоето Име, велејќи:
9’Кога ќе навали врз нас некакво зло, одмазднички меч или помор, или глад, та кога ќе застанеме пред овој Дом и пред Тебе, зашто Твоето Име е во овој Дом, и кога ќе извикаме кон Тебе во својата неволја, послушај нѐ и спаси нѐ.’
10Еве, сега Амоновите и Моавовите синови, и оние од Сирската Гора, преку кои не му дозволи на Израел да помине кога доаѓаше од Египетската Земја, туку ги заобиколи и не ги сотре -
11и така, сега тие ни враќаат со зло доаѓајки да нѐ истераат од наследството кое Ти ни го даде.
12О Боже, зар нема да им судиш? Зашто во нас нема сила спрема тоа големо мноштво кое доаѓа на нас, ниту ние знаеме што да правиме, туку очите ни се насочени во Тебе.“
в. Вест за избавување од устата на Јазил13Сите Јудејци стоеја пред Господа, со малите деца, со жените и со синовите.
14Тогаш Господовиот Дух слезе сред соборот - на Јазил, синот Захариев, син на Венај, син на Јеил, син на Матаниј - Левит од Асафовите синови.
15Тој рече: „Слушајте, сите Јудејци, Ерусалимци и ти цару Јосафате! Господ ви зборува вака: ‘Не бојте се и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја.
16Утре слезете против нив; тие ќе се искачуваат по Асиската Нагорница, а вие ќе ги сретнете на крајот на долината кон Јеруилската Пустина.
17Не треба да се биете; поставете се, стојте па гледајте како ќе ви помогне Господ.’ Еј Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се; утре излезете пред нив, и Господ ќе биде со вас!“
18Тогаш Јосафат падна ничкум на земјата, и сите Јудејци и Ерусалимци паднаа пред Господа за да Му се поклонат.
19Потоа левитите од Катовите синови и од Кореевите синови станаа и почнаа да Го фалат со сиот глас Господа, Израелевиот Бог.
г. Божјо избавување20Поранија наутро и тргнаа кон пустината Текуј; кога излегуваа, Јосафат застана и рече: „Чујте ме, еј Јудејци и Ерусалимци, надевајте се во Господа својот Бог, и ќе се оддржите; надевајте се во Неговите пророци и ќе успеете!“
21Потоа се посоветува со народот и ги постави Господовите пејачи и фалители, кои ќе ја слават Неговата светост и ќе одат пред вооружените чети и ќе пеат:
„Славете Го Господа
зашто е вечна Неговата љубов!“
22Кога почнаа да воскликнуваат и да слават, Господ предизвика несогласност меѓу Амонците, Моавците и оние од Сирската Гора, кои излегоа против Јудеја та беа разбиени.
23Зашто Амоновите синови и Моавците станаа против оние од Сирската Гора за да ги сотрат и уништат; а кога свршија со оние од Сир, почнаа да удираат еден на друг та се истребија.
24Кога Јудејците дојдоа до стражарницата кон пустината и се обѕрнаа на мноштвото, а тоа ете, мртви тела лежат по земјата; никој не се спаси.
25Тогаш Јосафат дојде со народот за да го собере пленот, и најдоа многу: секакво богатство, облеки и скапоцени предмети; се награбија толку што не можеа веќе да носат; три дни го грабаа пленот, зашто го имаше многу.
26Во четвртиот ден се собраа во Долината на Благословот: таму Го фалеа Господа, па затоа тоа место беше наречено Емек Берака, Долина на Благослов, до денес.
27Потоа сите Јудејци и Ерусалимци, со Јосафата на чело, се свртија за да се вратат во Ерусалим со веселба, зашто Господ ги развесели над нивните непријатели.
28Дојдоа во Ерусалим со псалтири, со гуслиња и со труби во Господовиот Дом.
29А Божјиот страв влезе во сите земни царства кога чуја дека Господ завојува против Израелевите непријатели.
30Така се смири Јосафатовото царство, зашто Бог му даде мир од сите страни.
7. Поглед на Јосафатовото царување31Јосафат царуваше над Јудејците. Му беа триесет и пет години кога се зацари; царуваше дваесет и пет години во Ерусалим; мајка му се викаше Азува, а беше ќерка Силеева.
32Одеше по патот на Аса не свртувајќи од него, туку чинејќи што е право во Господовите очи.
33Само, не беа отстранети високите места, зашто народот уште не го имаше насочено своето срце кон Бога на татковците.
34Другите Јосафатови дела, од првите до последните се запишани во книгата на Ананиевиот син Јуј, и се распоредени во книжниот Свиток за израелските цареви.
35Потоа јудејскиот цар Јосафат се здружи со израелскиот цар Охозиј, кој работеше безбожно.
36Се здружи со него за да направат бродови и да отидат во Тарсис; направија бродови во Есион Гавер.
37Додавовиот син Елиезер од Мариса, прорече против Јосафат: „Бидејќи се здружи со Охозиј, Господ ќе ги разурне твоите дела.“ Бродовите се разбија и не можеа да отпловат во Тарсис.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.