1Затоа, браќа мои возљубени и сакани, радост моја и венец, стојте така цврсто во Господа, возљубени!
2Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа.
3Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот.
4Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!
5Вашата кротост да им биде позната на сите луѓе! Господ е близу.
6Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!
7И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.
8Впрочем, браќа, сѐ што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа!
9Она што го научивте, и примивте, и чувте, и видовте на мене - правете го тоа, и Бог на мирот ќе биде со вас!
Апостолова благодарност10Се зарадував многу во Господа, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Вие и инаку се грижевте, но немавте прилика.
11Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум.
12Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сѐ и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност.
13Сѐ можам преку Христа, Кој ми дава сила.
14Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји.
15А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
16Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба.
17Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.
18Примив сѐ и имам сѐ во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога.
19А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса.
20А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин!
Поздрави и благослов21Поздравете го секој верник во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата, кои се со мене.
22Ве поздравуваат сите свети, а особено оние од Ќесаревиот дом.
23Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.