ПРОПОВЕДНИК 10 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Б. Лажливост на сѐ на земја и гибел од глупост1. Пропаст од глупост и помош од мудрост

1Пцовисаната мува го засмрдува мирисливото масло, а и малку лудост му ја расипува мудроста и честа на чесниот.

2Срцето на мудрецот е на десната страна, а на глупецот на левата.

3Достатно е лудиот да тргне на пат: бидејќи нема разум, секому му покажува дека е луд.

4Ако гневот на владетелот се подигне против тебе, не напуштај го своето место, зашто благоста ги спречува големите престапи.

5Има зло што го видов под сонцето како престап што доаѓа од владетелот:

6безумните се издигнуваат на највисоки места, а богатите заземаат ниски положаи.

7Видов слуги на коњи, а кнезови кои одеа пеш како слуги.

8Кој копа јама, паѓа во неа; кој разурнува ѕид, змија го каснува.

9Кој крши камења, тоа го повредува; кој цепи дрва, може да настрада.

10Кога ќе се затапи железото и неговата острица не е наострена, тогаш треба повеќе сила; а успехот е награда на мудроста.

11Ако змијата касне пред вражањето, тогаш вражачот ништо не користи.

2. Глупост на празно зборување

12Полни се со благодат зборовите од устата на мудрецот, а безумникот го упропастуваат неговите усни.

13Тој ги почнува своите беседи со лудост и ги завршува со целосно безумство.

14Лудакот зборува премногу: човекот не ја знае иднината, и кој може да му каже што ќе биде после него?

15Лудите ги мори нивниот труд; зашто тие не знаат да отидат ни во градот.

3. Цар и кнезови

16Тешко тебе земјо, кога ти е царот премлад и кога твоите кнезови се гостат веќе наутро.

17Блазе ти, земјо, кога ти е царот син на благородник и кога твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не да се испијанат.

18Од мрзливост се свиткуваат гредите, заради негрижа прокапува куќата.

19Но гозбите се заради забава, и виното го развеселува животот, а сребрениците набавуваат сѐ.

20Не колни го царот ни во својата мисла, не колни го богатиот ни во својата соба, зашто птиците ќе го однесат гласот и сѐ што е крилесто, ќе ја каже клеветата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help