ПСАЛМИ 38 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Покајнички псалм за милост1. Крајна потреба на грешникДавидов псалм.

1Господи, не ме изобличувај во Твојата јарост и не ме казнувај во Твојот гнев.

2Твоите стрели се закачија во мене, Твојата рака ме притисна тешко.

3На моето тело нема ништо здраво заради Твојот гнев, од моите гревови нема мир за моите коски.

4Зашто беззаконијата на мојата глава ме надвишија, ме притиснуваат како претешко бреме.

5Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност.

6Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен.

2. Надеж во избавување

7Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое.

8Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце.

9О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени.

10Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид.

11Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку.

12Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама.

13А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам.

14Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата.

3. Надеж во Бога

15Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој!

16Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!“

17Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене.

18Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев.

19А кои се против мене, без причина силни се, и мнозина се што ме мразат неправедно.

20За добро ми враќаат со зло, ми се противат дека го барам доброто.

21О Господи, не ме оставај! Боже мој, не оддалечувај се од мене!

22Побрзај ми на помош, Господи, Спасителу мој!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help