1Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!“ Расипаните прават гнасни беззаконија; никој не прави добро.
2Бог гледа на човечките синови од небесата, да види има ли некој разумен да Го бара Бога.
3Но, сите свртија заедно, сите се расипаа; никој не прави добро, нема ниеден.
2. Божја казна4Нема ли да се вразумат тие што прават беззаконие, кои го голтаат мојот народ како да јадат леб? Тие не Го повикуваат Бога.
5Од страв ќе треперат, каде и страв нема, зашто Бог ќе ги распрсне коските на оние кои војуваат против тебе. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ги отфрли.
3. Молитва за спасување и за избавување6О, нека дојде од Сион спасението за Израел! Кога Бог ќе го врати од пленство Својот народ, ќе се радува Јаков, ќе се весели Израел.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
