1Господ да те послуша во тежок ден, Името на Јакововиот Бог да те штити!
2Да ти испрати помош од Светилиштето, и да те поткрепува од Сион!
3Да си спомни за сите твои приноси, и да ја прими твојата паленица!
4Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери!
5Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!
2. Верба во Божја помош6Сега знам дека Господ го избавува Својот помазаник, го слуша од Своето свето небо, со спасителна сила на Својата десница.
7Едни се фалат со бојните коли, други со коњите; но ние во Името на Господа, нашиот Бог!
8Тие се сопнуваат и паѓаат, а ние станавме и стоиме.
9Господи, подари му победа на царот, послушај нѐ во денот кога ќе Те повикаме.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
