ИСУС НАВИН 9 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Е. Итрина на жителите на Гаваон1. Сојуз на цареви

1За сите настани чуја сите цареви од онаа страна на Јордан во Горјето, во Шефел и вдолж на целиот брег на Големото Море, сѐ до Ливан: Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците -

2па сите се здружија за да удрат сложно против Исуса и Израела.

2. Договор со Гаваон

3А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,

4се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,

5Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.

6Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.“

7Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?“

8А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!“ Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?“

9Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сѐ што му стори на Египет,

10и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.

11Тогаш нашите старешини, на сите во нашата земја, ни рекоа: ‘Снабдете се со храна за пат, тргнете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме, и така склучите сојуз со нас.“‘

12Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.

13А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.“

14И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.

15Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.

3. Казна на жителите на Гаваон за измама

16А по три дни, откако склучија сојуз со нив, се научи дека им се соседи и дека живеат среде Израел.

17Тогаш Израелците тргнаа од логорот и стигнаа во нивните градови, а тоа беа: Гаваон, Кефир, Вирот и Киријат Јарим.

18Ама Израелевите синови не ги нападнаа, зашто главатарите на заедницата им се заколнаа во Господа, Израелевиот Бог. Но сета заедница почна да вика против главатарите.

19Тогаш сите главатари ѝ рекоа на заедницата: „Ние им се заколнавме во Господа, Израелевиот Бог, и затоа не смееме да ги гибаме.

20Еве што ќе правиме: да ги оставиме да живеат, за да не нѐ стигне гнев заради заклетвата со која се заколнавме.“

21Уште главатарите додадоа: „Нека живеат и нека бидат дрвосечачи и водоносци на целата заедница.“ Сето општество го прифати тоа што го рекоа главатарите.

22Исус ги повика Гаваонците и им рече: „Зашто нѐ измамивте, велејќи: ‘Многу сме далеку од вас,’ кога, ете, живеете среде нас?

23Затоа сега ќе биде клетва врз вас, и никогаш не ќе го снема ропството меѓу вас: ќе бидете дрвосечачи и водоносци за Домот на мојот Бог.“

24Тие му одговорија на Исуса: „Од сите страни стигнуваа гласови до нас, до твоите слуги, како Господ, твојот Бог, му одреди на Мојсеја, на Својот слуга, дека ќе ви ја даде сета земја и дека ќе ги истреби пред вас сите жители на оваа земја; многу се исплашивме од вас за своите животи и затоа го направивме ова.

25И ете, сега сме во твоите раце: направи со нас што мислиш дека е добро и право.“

26А Тој им направи вака: ги избави од рацете на Израелевите синови, па не ги погубија.

27И од тој ден Исус им нареди да сечат дрва и да носат вода, сѐ до денес, за заедницата и за Господвиот жртвеник, на местото кое и да се избере.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help