1Секако, и првиот завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште.
2Зашто беше приготвен првиот дел на Шаторот, во кој беше светилникот и трпезата, и положените лебови, што се вика Светина.
3А зад втората завеса на Шатарот беше другиот дел, наречен Светина над Светините
4со златниот жртвеник за кадење и ковчегот на заветот, опкован со злато од сите страни, во кој беше златниот сад со мана и со расцутениот Аронов жезол, и Плочите на заветот,
5а над него херувимите на славата, кои го засенуваа Поклопецот на Помирувалиштето; а за сѐ ова сега не може да се зборува подетално.
6При таквиот распоред, во првиот дел на Шаторот секогаш влегуваат свештениците, кога ја извршуваат својата служба,
7а во вториот дел, само првосвештеникот еднаш во годината, и тоа не без крв, што ја принесува за своите и за гревовите на народот направени од незнаење.
8Со тоа Светиот Дух покажува дека патов во Светината над светините уште не е откриен; додека уште постои првиот дел на Шаторот,
9кој е симболична слика за сегашното време, според која се принесуваат дарови и жртви, кои во однос на совеста не можат да го доведат до совршенство оној, кој Му служи така,
10зашто се засновуваат само врз јадења и пиења, и разни миења - како прописите за телото наложени до времето на поправањето.
11А Христос откако се појави како Првосвештеник на идните добра и влезе низ поголем и посовршен Шатор, што не е направен со рака, односно која не е од оваа создавање,
12влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп.
13Зашто, ако крвта на јарците и биковите и пепелта од јуница, со која се попрскуваат осквернетите, осветува за чистење на телото,
14колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бога без недостаток, ќе ја очисти нашата совест од мртвите дела, за да Му служиме на живиот Бог.
15Затоа Тој е Посредник на Новиот завет: за повиканите да го примат ветувањето за вечното наследство, откако смртта зеде место за откуп на престапите направени во првиот завет.
16Зашто, каде што има завет потребно е да се докаже и смртта на заветувачот.
17Имено, заветот станува полноважен по смртта, а никогаш не важи додека живее заветувачот.
18Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19Имено, кога Мојсеј му ја изговори секоја заповед според Законот на целиот народ, зеде крв од јунци и јарци со вода и со црвена волна и со исоп ги попрска: и самиот книжен свиток и целиот народ,
20велејќи: „Ова е крвта на заветот, што Бог го склучи со вас.“
21А исто така ги попрска со крвта Шаторот и сите богослужбени садови.
22И по Законот речиси сѐ се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање.
Христос е вистинска жртва23И така, неопходно беше сликите на небесните нешта да се очистат со нив, а самите небесни нешта со жртви подобри од овие.
24Зашто Христос не влезе во ракотворна Светина, која е образ на вистинската, туку во самото небо, за да се јави сега пред Божјото лице за нас.
25И не за да се принесе многупати Себеси, како што првосвештеникот влегува во Светината секоја година со туѓа крв;
26зашто инаку би требало да страда многупати од создавањето на светот. Но сега, кон крајот на вековите, Тој се јави еднаш, за да го отстрани гревот со Својата жртва.
27И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд,
28така и Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а за спасение на оние кои го очекуваат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.