КОЛОСЈАНИТЕ 4 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небесата.

2Бидете постојани во молитвата, бдејте во неа со благодарност!

3Молете се уште и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на словото и за да ја навестиме тајната на Христа, заради која сум и во окови -

4и да ја откријам онака, како што треба да зборувам.

5Постапувајте мудро кон оние, надворешните, ползувајќи го времето.

6Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.

Поздрави

7За мене ќе ви рече сѐ Тихик, возљубен брат и верен слуга и соработник во Господа,

8кого го испраќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и да ги утеши вашите срца,

9заедно со верниот и возљубен брат Онисим, кој е од вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.

10Ве поздравува Аристарх, мојот другар во темницата, и Марко, внукот Варнавин, за кого примивте упатства; ако дојде при вас примете го

11и Исус, наречен Јуст. Од обрезаните овие се единствени, кои ми помагаат за Божјото Царство и кои ми беа утеха.

12Ве поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христа Исуса, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја.

13Сведочам за него дека има голема ревност за вас, и за оние во Лаодикија, и за оние во Ерапол.

14Ве поздравува возљубениот лекар Лука, и Димас.

15Поздравете ги браќата во Лаодикија; и Нимфан и неговата домашна црква.

16Кога ќе се прочита ова послание при вас, погрижете се да се прочита и во Лаодикијската црква! А она од Лаодикија, прочитајте го и вие!

17Речете му на Архип: „Внимавај на службата, која си ја примил во Господа, да ја исполниш!“

18Поздрав со мојата, Павлова рака. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help