БИТИЕ 10 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Родословие

1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.

2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.

3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.

4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.

5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.

6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.

7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.

8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.

9Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!“

10Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.

11Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах

12и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.

13Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,

14Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.

15Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.

16Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,

17Евејците, Арукејците, Асенејците,

18Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,

19така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сѐ до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.

20Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.

21А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.

22Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.

23А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.

24И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.

25А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.

26Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах,

27Адорам, Узал, Дикла,

28Овал, Авимаил, Шева,

29Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.

30Нивните населби се тегнеа од Меша сѐ до Сефар, планинско подрачје на исток.

31Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи.

32Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help