АГЕЈ 1 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

ПОВИК ЗА ИЗГРАДБА НА ХРАМ: ПРВО ПРОРОШТВО 1:1-15Приговори и одговор

1Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник:

2„Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!“‘“

3Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:

4„А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.“

5Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

6Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!“

7Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

8Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ.

9Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом.

10Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи.

11Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сѐ што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.“

Б. Послушност

12А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа.

13Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас“ - говори Господ. -

14Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог.

15Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help