ЛЕВИТ 12 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Закон за очистување на родилка

1Господ му рече на Мојсеја:

2„Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред.

3На осмиот ден детето нека биде обрезано.

4А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување.

5Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв.

6Кога ќе се исполни времето на нејзиното чистење - било за синче, било за ќеркичка - нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, едногодишно јагне за паленица и едно гулапче или грлица за жртва за грев.

7Тој нека го принесе тоа пред Господа и нека ја очисти; и таа ќе биде чиста од течењето на својата крв. Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо.

8Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да ѝ се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help