1Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. Неговата десница и Неговата света мишка Му извојуваа победа.
2Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите.
3Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.
2. Сите луѓе да Го фалат Господа4Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј!
5Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење;
6со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа!
3. Сета природа да Го фали Господа7Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители!
8Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив!
9Зашто Господ доаѓа, доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе ѝ суди на вселената по правда и на народите по правина.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
