1 ПЕТРОВО 5 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Заедништво меѓу верниците и старешините

1Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие:

2пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;

3и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.

4И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.

5Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“

Опомена за будност и истрајност

6И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.

7И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.

8Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.

9Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања се довршуваат во вашите браќа по светот.

10А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи.

11Нему слава и власт во векови на вековите. Амин!

Заклучок и поздрав

12По Силвана, верниот брат, каков го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве опоменам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која стоите.

13Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко.

14Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, кои сте во Христа. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help