ПСАЛМИ 24 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Пофалбена химна на Царот на славата1. Господ - ТворецДавидов псалм.

1Господова е земјата и сѐ што е на неа, светот и сите кои живеат во него.

2Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките.

2. Својство на Божји народ

3Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место?

4Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не ѝ ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно.

5Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител.

6Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.

3. Влегување на Царот на славата

7Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!

8Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!

9Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!

10Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help