ЈОВ 18 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

3. Втора Валдадова беседаа. Валдад го укорува Јов за неговиот гнев

1Тогаш Валдад од Шуах проговори и рече:

2Кога мислиш да ги зауздаш своите беседи? Вразуми се, сега, да разговараме!

3Зошто нѐ сметаш за неразумен добиток? Зар сме животни во твоите очи?

4О ти, што се раскинуваш себеси од гнев, сакаш ли да опустее земјата заради тебе, да се изместат карпите од своето место?

б. Тој укажува на неизбежната гибел на нечесните

5Светлината на опакиот ќе угасне, и не ќе му свети пламен во огништето,

6ќе потемнее светлината во неговиот шатор и над него ќе згасне светилката.

7Неговите крепки чекори стануваат ограничени, тој се сопнува врз сопствените намери.

8Зашто неговите нозе го водат во стапица, и еве го како чекори веќе по мрежата.

9Тенка стапица му ја фати ногата, и ете, јажињата го стегнуваат цврсто.

10Го дебне јамка скриена на земјата, стапица го чека по патот по кој оди.

11Стравови го напаѓаат отсекаде, и го прогонуваат по стапките.

12Гладот ја проголта сета негова сила, несреќата е секогаш до неговата слабина.

13Кобна болест му ја разјадува кожата, првенецот на смртта му ги нагризува деловите на телото.

14Го извлекуваат од неговиот шатор, да го одведат при владетелот на ужасите.

15Туѓинец се насели во неговиот стан, потуруваат оган врз неговиот дом.

16Одоздола се сушат неговите корења, а одозгора му се сушат сите гранки редум.

17Неговиот спомен ќе се сотре на земјата, неговото име се брише од лицето на земјата.

18Го тераат од светлина во темнина, сакаат да го изгонат од земниот круг.

19Во неговиот род ќе нема ни син ни внук, ниту преживеани во неговото живеалиште.

20Потомците ќе се ужасуваат од неговиот ден и трепет ќе ги опфати современиците.

21Ете, таква судбина го снаоѓа беззаконикот и домот на оној, кој не Го познава Бога.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help