ОТКРОВЕНИЕ 6 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Отворање на седумте печати

1И видов кога Јагнето отвори еден од седумте печати и чув како едно од живите суштества да вика како со глас на грмотевица: „Дојди!“

2И видов, и ете, бел коњ, а оној кој седеше на него имаше лак; и му беше дадена круна, и излезе победувајќи и да победи.

3И кога го отвори вториот печат, чув друго живо суштество како зборува: „Дојди и види!“

4И излезе друг, црвен коњ, а на оној, кој седеше на него, му беше дадено да го земе мирот од земјата, за да се убиваат луѓето меѓусебно; и му беше даден голем меч.

5И кога го отвори третиот печат, го чув третото живо суштество како зборува: „Дојди и види!“ И видов, и ете, црн коњ, а оној, кој седеше на него, имаше терезија во својата рака.

6И чув како глас - меѓу четирите живи суштества да зборува: „Една мера пченица за денариј и три мери јачмен за денариј! А на маслото и виното не им нанесувај штета!“

7И кога го отвори четвртиот печат, го чув гласот на четвртото живо суштество како зборува: „Дојди!“

8И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата.

9И кога го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите на закланите заради Божјото слово и заради сведоштвото што го имаа.

10И извикаа со силен глас, велејќи: „До кога, свет и вистински Господару нема да судиш и да ја одмаздиш нашата крв над оние, кои живеат на земјата?“

11И на секого од нив му беше дадена бела облека и им беше речено да починат уште малку време, додека не биде исполнет бројот на нивните сослужители и браќа, кои ќе бидат убиени како и тие.

12И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,

13и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;

14и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.

15И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,

16велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help