1Кога Филистејците го освоија Божјиот Ковчег, го пренесоа од Евен Езер во Азот.
2На тоа Филистејците го зедоа Божјиот Ковчег, го внесоа во Дагоновиот храм и го сместија покрај Дагона.
3Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег. Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место.
4Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.
5Затоа Дагоновите свештеници и сите кои влегуваат во Дагоновиот храм не стапнуваат со нога на Дагоновиот праг во Азот сѐ до денешен ден.
б. Божји Ковчег6Тогаш Господовата рака ги притисна тешко жителите на Азот и ги натера во силен страв: ги казни со чиреви, Азот и неговото подрачје.
7Кога луѓето во Азот видоа што се случи, рекоа: „Ковчегот на Израелевиот Бог не смее да остане кај нас, зашто Неговата рака се испружила против нас и против нашиот бог Дагон.“
8Тие ги свикаа и ги собраа сите филистејски кнезови кај себе и рекоа: „Што да правиме со Ковчегот на Израелевиот Бог?“ А тие одговорија: „Ковчегот на Израелевиот Бог нека биде пренесен во Гат.“ И го пренесоа таму Ковчегот на Израелевиот Бог.
9Ама кога го пренесоа, Господовата рака се спушти на градот и настана силна стравотија: ги удри граѓаните, од најмалите до најголемите така што им се појавија чиреви.
10Тогаш го испратија Божјиот Ковчег во Акарон, Акаронците повикаа: „Го донесоа Ковчегот на Израелевиот Бог кај нас, за да нѐ помори нас и сиот наш народ!“
11Затоа испратија и ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го назад Ковчегот на Израелевиот Бог, нека биде вратен на своето место, за да не нѐ помори нас и нашиот народ!“ Зашто владееше смртен страв во целиот град, толку таму беше притиснала Господовата рака.
12Луѓето кои не изумреа, беа удрени со чиреви и болниот вик на градот се дигаше до небото.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.