ОТКРОВЕНИЕ 12 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Жена и змев

1И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди,

2и беше бремена и викаше од породилни болки и маки.

3И се покажа друг знак на небото, и ете, голем црвен змев, со седум глави и десет рогови, а на неговите глави седум круни;

4и неговата опашка повлече третина од небесните ѕвезди, и ги фрли на земјата. И змевот стоеше пред жената, која требаше да роди, за да ѝ го проголта Детето кога ќе роди.

5И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол.

6А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог ѝ го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.

7И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа,

8но не устоија и не им се најде веќе место во небото.

9И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него.

10И чув силен глас во небото како зборува: „Сега дојде спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.

11И тие го победија заради крвта на Јагнето и заради словото на своето сведоштво, и не го засакаа својот живот, дури и до смртта.

12Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време,“

13И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото.

14На жената пак ѝ ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата.

15А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката.

16Но земјата ѝ помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.

17И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help