1Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници,
2како спомен за нивните синови на нивните жртвеници и на нивните ашери околу зелените дрвја по високите брежиња,
3на ридовите и среде полињата. Твоето богатство и сето твое благо ќе ги предадам на грабеж. Така ќе платиш за својот грев по сета земја.
4Ќе треба да го оставиш наследството што тебе ти го подарив. Ќе те направам робје на непријателите во земја што не ја познаваш. Зашто Мојот гнев пламна со оган што ќе гори вечно.“
ѓ. Мудри изреки5Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек и слабото тело го смета за своја мишка, и чие срце се одвратува од Господа.
6Зашто тој е како трње во пустината: не чувствува кога е среќата близу, ги престојува деновите во исушената пустина, во солена, ненаселена, земја.
7Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж.
8Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.
9Поизмамливо од сѐ е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?
10Јас, Господ, ги истражувам срцата и ги испитувам бубрезите, за да му дадам секому според неговото поведение, според плодот на неговите раце.
11Потполошка што лежи на јајцата а не изведува е оној што со неправда придобива богатство: во средината на своите дни треба да го остави и на крајот останува безумник.“
е. Молитва на пророк12Славен престол издигнат од дамнина, тоа е нашето свето место.
13О Господи, надеж на Израел, сите кои што Те оставаат ќе се засрамат, кои ќе се одметнат од Тебе ќе бидат запишани во прав, зашто го оставија Изворот на живата вода.“
14Исцели ме, Господи, и ќе бидам здрав, спаси ме, и ќе бидам спасен, зашто Ти си моја пофалба.
15Еве ги што ми зборуваат: „Каде е Господовиот збор? Нека се исполни!“
16Та јас не се меткав околу Тебе за нивната несреќа, ниту сакав кобен Ден! - Ти го знаеш тоа, сѐ што излезе од мојата уста пред Тебе е.
17Не ми биди за ужас Ти, прибежиште мое, во несреќниот Ден.
18Нека се засрамат моите гонители, а не јас, растрепери ги нив, а не мене. Доведи го врз нив несреќниот Ден, сотри ги со двојно сотрување!
4. Заповед за пазење на сабота19Господ ми рече вака: „Отиди и застани на вратата на Синовите на народот низ која влегуваат и излегуваат јудејските цареви, и на сите ерусалимски врати.
20Речи им: ‘Чујте го Господовото слово, вие, јудејски цареви и сите Јудејци и Ерусалимци, кои поминувате низ овие врати.
21Господ зборува вака: „Чувајте се ако ви е мил животот, и не носете товар во саботен ден, и не внесувајте го низ ерусалимските врати.
22И не изнесувајте бремиња од куќата во саботен ден, и не работете никаква работа, туку празнувајте го саботниот ден, како што им заповедав на вашите татковци.
23Тие не Ме послушаа и не го приклонија своето уво, туку не послушаа закоравено и не ја прифатија науката.
24А вие, ако Ме послушате - зборува Господ - и ако не носите товари низ вратите на овој град, туку ако го празнувате саботниот ден, не работејќи никаква работа,
25тогаш низ вратите на овој град ќе влегуваат царевите и кнезовите, кои што седат на Давидовиот престол, кои се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните првенци, Јудејци и Ерусалимци, и овој град ќе остане довека.
26И ќе доаѓаат од јудејските градови, од околината на Ерусалим, од Венијаминовата Земја и од Шефел, од Горјето и од Негев, за да принесат паленици, жртви, лебни приноси и кадење, и за да принесат жртва благодарница во Господовиот Дом.
27Но ако не Ме послушате, та не го празнувате саботниот ден и ако носите бремиња влегувајќи низ ерусалимските врати во саботниот ден, тогаш ќе потпалам оган во неговите врати: и пламенот ќе ги голтне ерусалимските дворци, и не ќе угасне.“‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.