ПСАЛМИ 10 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Молитва кога се забавува Божјиот суд1. Беззаконија на нечесни

1Зошто, Господи, стоиш далеку, зошто се криеш во време на неволја?

2Од гордоста на нечесните се измачуваат бедните; нека се фатат во сплетките што ги замислија.

3Безбожникот се фали со желбите на својата душа; среброљубецот се одречува од Господа и Го презира.

4Безбожникот вели во својата гордост: не, нема истраги! Па нема ни Бог! Такво е неговото мислење.

5Неговите патишта секогаш се опаки; на Твоите судови тој и не мисли; ги презира сите свои противници.

6Во своето срце вели: „Нема да се расколебам! Нема да бидам несреќен - од род во род.“

7Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел.

8Седи во заседа, покрај оградите во селата, потајно го убива невиниот, со очите го демне бедниот.

9Седи во засолниште, како лав во пештера, демне да го ограби сиромашниот и да го вовлече во својата мрежа.

10Се притајува, прилегнува, и беспомошните паѓаат под неговата сила.

11Во своето срце вели: „Бог заборави, го крие Своето лице и нема да види никого.“

2. Надеж на Божја помош

12Стани, Господи Боже, крени ја Својата рака! Не заборавај ги бедните!

13Зошто безбожникот Го презира Бога? Тој вели во своето срце: „Нема да води истрага.“

14Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето.

15Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе.

16Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја.

17Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво:

18да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help