ПРОПОВЕДНИК 1 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1Зборови на Проповедникот, Да-видовиот син, царот во Ерусалим. ПРОЛОГ: СУЕТА НАД СУЕТИ

2“Суета над суетите, вели Проповедникот, суета над суетите, сѐ е суета!“

3Каква му е ползата на човекот од сиот негов труд, со кој се труди под сонцето?

4Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш.

5Сонцето изгрева, сонцето заоѓа и тогаш брза кон своето место откаде изгрева.

6Ветерот дува кон југ, и се свртува кон север, виори сега наваму сега натаму, и се враќа во нов виор.

7Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек.

8Сѐ е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно.

9Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето.

10Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!“ Сѐ суштествуваше дамно пред нас.

11Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после. МУДРОСТ И ЗАДОВОЛСТВА Суета на човечка мудрост

12Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим.

13И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сѐ што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа.

14Видов сѐ што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!

15Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи.

16Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.“

17Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер.

18Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help