1Неговите основи се на светите гори. Господ ги љуби
2Сионските Врати повеќе отколку сите Јаковови шатори.
3Убавини се зборуваат за тебе, Божји граде!
4„Ќе ги вбројам Раав (Египет) и Вавилон, меѓу оние што ме почитуваат; ете, Филистеј и Тир и етиопскиот народ - и тие се родени таму.“
5За Сион се зборува: „Овој и оној е роден во него; Сѐвишниот го утврдува!“
6Господ ќе запише во книгата на народите: „Овие се родени таму.“
7И ќе пеат играјќи коло: „Сите мои извори се во Тебе!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
