ОТКРОВЕНИЕ 4 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Визија на божествено величество

1Потоа видов, и ете: врата отворена во небото; и поранешниот глас, што го чув да зборува, како труба, со мене, рече: дојди ваму, горе, и ќе ти покажам што има да се случи после ова!

2Веднаш се најдов во духот, и ете: на небото стоеше престол, а на престолот седеше Еден;

3а Оној Кој седеше изгледаше како камен јаспис и сард; и божилак околу престолот, на изглед како смарагд.

4И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири седнати старешини, облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни.

5И од престолот излегуваа секавици и гласови и грмежи; а пред престолот гореа седум огнени светила, тоа се седумте Божји Духови.

6И пред престолот како стаклено море, слично на кристал; а меѓу престолот и околу, четири живи суштества, полни со очи и однапред и одназад.

7Првото живо суштество личеше на лав; а второто живо суштество на јунец; третото живо суштество имаше лице како на човек; а четвртото живо суштество личеше на орел, што лета.

8И секое од четирите живи суштества имаше по шест крила, полни со очи наоколу и одвнатре; и немаат починка ни дење ни ноќе, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Сѐмоќниот, Кој беше и Кој е и Кој иде.“

9И кога живите суштества му воздаваат слава и чест и благодарност на Оној, Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови,

10дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи:

11“Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и заради Твојата волја суштествува сѐ и е создадено.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help