ИСАИЈА 46 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

22. Фрлање на вавилонски идоли

1Вил падна! Нево се урна! Ги натоваруваат своите идоли на животните и на добитокот, ги носат како бреме, товар што заморува.

2Паѓаат, се рушат сите заедно, не можат да ги спасат оние кои ги носат, туку и самите заминуваат во ропство.

3„Слушај Ме, Јаковов доме, и сите што останавте од Израелевата куќа! Јас ве понесов туку што се родивте и ве носев од мајчиното крило.

4Јас ќе останам ист до вашата старост, ќе ве потпирам до вашето побелување. Тоа го правев; ќе ве носам и натаму, ќе ви помагам, ќе ве избавувам.

5Со кого би сте Ме споредиле и изедначиле, со кого би сте Ме споредиле, кому Сум му сличен?

6Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат.

7Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја.

8Спомнете си за тоа и бидете луѓе, земете го тоа на срце, отпадници,

9спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!

10Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сѐ што Ми е по волја.’

11Од исток ја повикувам грабливата птица, од далечна земја го повикувам човекот на Својот наум. Реков - ќе исполнам, наумив - ќе извршам.

12Слушајте Ме, вие кои ја губите смелоста и кои сте далеку од победата.

13Ја приближувам Својата победа, не е веќе далеку, Моето спасение не ќе се забави. Ќе го ставам спасението на Сион, Својата Слава во Израел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help