1Не избрзувај со својата уста и срцето да не брза со зборови пред Бога, зашто Бог е на небото, а ти си на земјата; затоа штеди ги своите зборови.
2Сонот доаѓа од многу грижи, а лудиот говор од многу зборови.
3Кога ќе му заветуваш нешто на Бога, исполни го тоа веднаш, зашто Нему не Му се мили безумниците. Затоа исполни го секој свој завет.
4Подобро е да не се заветува отколку да се заветува, а да не се исполни заветот.
5Не дозволувај ѝ на својата уста да ти наведе телото на грев, и не вели подоцна пред ангелот дека било грешка. Зошто да Му се дава прилика на Бога да се разгневи на твојот збор и да го уништи делото на твоите раце?
6Зашто колку повеќе соништа и зборови; толку повеќе и суети.
Затоа бој се од Бога.5. Угнетување на беден7Ако видиш дека го угнетуваат сиромавиот и дека ги газат правдата и судот во земјата, не чуди се на тоа, зашто над високиот набљудува повисокиот, а над него највисокиот.
8Ползата од земјата е за сите: и царот зависи од нивите.
6. Богатство и среќа9Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.
10Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите?
11Сладок е сонот на трудољубивиот, дали јал малку или многу, додека богатството не го остава богатиот да заспие.
7. Богатство и несреќа12И видов тешко зло под сонцето: собрано богатство што му е на пропаст на својот сопственик.
13Зашто при лоша незгода пропаѓа таквото богатство, па не му останува ништо на синот што му се родил.
14Гол излезе од утробата на својата мајка и така гол и ќе си отиде каков што дојде; ништо нема да понесе од сиот свој труд.
15И тоа е тешко зло зашто си заминува така како што и дошол; па каква му е ползата од тоа што се измачувал за ветер.
16Сите свои денови ги јаде во темнина, во неволја, во грижа, во болест и во гнев.
8. Среќа - Божји дар17Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел.
18Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело - и тоа е дар од Бога.
19Зашто тогаш барем не мисли многу на деновите на својот живот, кога Бог му дава да му се весели срцето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.